Веќе навикнавме дека по секој меч на Реал Мадрид или Барса има коментари, посебно за судиите, но она што синоќа на гостувањето кај Џиромна го доживеа тимот на Ханси Флик, навистина не е за објаснување. Се виде се што треба, но судијата си имаше свој критериум.
Барселона играше лошо, загуби од Џирона, но повторно темата е судењето. Сото Градо има титула персона нон грата во Каталонија со причина, а од денес, тоа е уште повеќе „засилено“.
Имено, Сото Градо е познат низ историјата како судија со кого Барса губи почесто и често носи барем контроверзни одлуки.
Сега, сепак, толку е црно-бело што нема стандард кога е во прашање Барселона.
Имено, не им требаше многу на аналитичарите да извлечат идентичен случај со Сото Градо како судија, со идентични фаули, свиреше еднаш – на штета на Барселона, а синоќа – не.
Станува збор за дуел помеѓу Рајо Ваљекано и Барселона, од август 2024 година, кога Сото Градо поништи гол за Каталонците поради претходно газење. Потоа Кунде го згази Чаварија, во продолжението беше постигнат гол, но Сото Градо го поништи поради фаул.
Синоќа ситуацијата беше обратна, Кунде беше згазен, во продолжението од истата акција Џирона постигна гол, но тој остана регуларен.
Дури и фудбалерот на Џирона, Клаудио Ечевери, не крие дека го згазил Кунде.
„Да, му згазнав на ногата, но во брзината и беше случајно. Да, секако дека ќе разберев ако судијата го поништеше голот, бидејќи контактот навистина постоеше. Да ни се случеше нешто такво нам, сигурно ќе реагиравме на ист начин како Барселона. За среќа, овој пат ја добивме победата“, рече Ечевери.
Погледнете ги обете ситуации и сами проценете колку се слични и дали голот на Жирона требаше да биде поништен како оној на Барселона против Рајо Ваљекано.
Aquí Soto Grado sí que anuló el gol el HDP.pic.twitter.com/LTzHa7XzmF
— Universo FCBarcelona (@UNIVERSO_1899) February 16, 2026
I don’t blame Soto Grado for this particular incident. It’s the VAR referee that’s corrupt. Unless VAR tells him to review, he can’t because he doesn’t see the video replay. Someone from VAR has to tell him.
pic.twitter.com/Qt8shIqdmQ— Barça Touchline (@BarcaTouchline) February 16, 2026










