Вардар 1961 со пораз ја отвори главната рунда во Европската лига, откако на гостувањето кај Бенфика беше поразен со 40-35 (24-16). Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци покажаа низа слабости, кои ќе мораат да ги поправат до следниот меч против Мелсунген на домашен терен.
Македонскиот тим во првото полувреме беше конкурентен само во првите десет минути. Одлично го отвори дуелот, поведе со 3-6, па 4-7, но потоа почна да го губи „здивот“. Противникот израмни на 7-7, а потоа на крилата на своите голмани, успеа целосно да го сврти мечот. Со серија од 3-0 поведе со 15-11, додека подоцна со серија од 6-0 дојде до највисоки 23-14 во 27-та минута. Тузолана од седум метри успеа да го постигне првиот гол за Вардар после осум минути. На одморот резултатот беше 24-16.
Едно поинакво издние на „црвено-црните“ после катастрофата во првото полувреме. Македонскиот тим ја зацврсти одбраната, а во нападот изгледаше помоќно. Отвори со 5-2 и успеа да дојде на негатива 26-21 во 38-та минута. На момент Иван Чупиќ се обидуваше да ја намали негативата со „седум на пет“ кога противникот имаше играч помалку.
Бенфика на средината на второто полувреме повторно дојде на плус седум (35-28). Во продолжение португалскиот состав одржуваше позитива од пет до шест гола. Во 51-та минута Вардар 1961 остана со играч помалку, домаќинот пак поведе со седум гола разлика (38-31), Валах спречи негативата да биде поголема.
Во 56. минута при 38-32, Митровиќ го заврши мечот, заработи црвен картон (трето исклучување). Ова не се одрази врз играта на македонскиот тим, со два гола во низа ја намали негативата на 38-34. До крајот немаше време за ништо повеќе.
Хориха беше стрелец на девет гола од 11 обиди, зад него беше Тузолана со седум погодоци, Валах имаше 10 одбрани. На другата страна Вајлупов имаше седум гола.










