Пресврт: Влаховиќ останува во Јувентус?!

36
фото: H @HQpcrt (X)

Дали на повидок е голем, мега – пресврт, а тоа е Душан Влаховиќ да остане во Јувентус? Од Италија има сè повеќе индикации дека Србинот сериозно ја разгледува можноста за продолжување на договорот со Јувентус, што претставува значаен пресврт во споредба со претходните шпекулации.
По неколку месеци шпекулации за неговото заминување од Торино, се чини дека српскиот репрезентативец не донел конечна одлука за напуштање на клубот. Напротив, сите опции се сè уште отворени, Барселона е една од нив, а самиот играч покажува интерес за продолжување на соработката. Иако неговиот трансфер изгледаше како завршена работа, со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот од сезоната, најновите информации укажуваат дека Влаховиќ би можел да стане клучна фигура во тимот под водство на новиот тренер Лучан Спалети.
Играчот кој често беше мета на критики поради повредите и фактот дека не ги исполни целосно очекувањата, сега има можност да стане столбот околу кој Јувентус ќе ја гради својата иднина. Оваа нова перспектива целосно ја менува приказната досега. Од играч кој практично беше на излез, Влаховиќ би можел да ја преземе улогата на лидер и да стане лидер на новиот Јувентус.

ПретходноЗдравко Мамиќ пресади коса
СледноЛШ: Прекин од 10 минути во Лисабон поради расистички повици кон Винисиус!