Се огласија и “Мајмуни“: “И покрај сите наши напори да не згасне нашата Победа…“ (ФОТО)

152
ФОТО:facebook.com/profile.php

Иако имаше најави дека ФК Победа сепак во пролетниот дел ќе игра во ВМФЛ, последните информации од Прилеп велат дека тоа тешко дека ќе се случи. Не дека се е дефитивно познато, сепак барем од оние кои се блиски до клубот, посебно навивачите, ќе се верува во чудо се до сабота, кога стартува пролетниот дел од сезоната.

Во меѓувреме, навивачите на Победа, “Мајмуни“ се огласија преку социјалните мрежи.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

И покрај сите наши напори за да не згасни нашата икона,не беше успешен нашиот напор..и покрај обезбеден тим кој можи да се носи најмалце до бараж тоа не го дозволи некој “голем главец” …

Ние како група застанавме позади секоја организација но под услов ниту еден од претходна управа да не биди присутен се до крајот на сезоната .. изненадувачки тоа го прифатија иако е тоа само шанса да се тргнат од сите ,тупурдииʼ кои ги направиле.

Ние како група знаеме кој и колку е крив за лошото на овој клуб,но знаеме и кој колку ветуваше од 2014 па се до денес но сите си ја префрлуваа топката.Единствен начин да истите тие кои ветуваа спас на Победа да го променат мислењето кај Прилепчани е следно…..

МОРА ОДГОВОРНОСТ … ЈАВНО КОЈ КОЛКУ и КАДЕ НАШТЕТИЛ

ПОБЕДА ОД ДЕНЕС ИМА ЛЕГЕНДИ ОД СИТЕ КРАЕВИ САМО НЕ ПРИЛЕПЧАНИ ОД ПРИЛЕП

До следно видување..Мајмуни и Прилеп не забораваат.

п.с од несигурни извори дознаваме дека и Општина Прилеп ги побарале назад во нивната зграда клучевите од градскиот стадион .. секоја чест.“

ПретходноБастони се извини: “Признавам дека погрешив и жалам, ама не заслужив смртни закани“!
СледноГРК Охрид го “реши“ и Бутел!