„Црвено-црна“ мисија: Бенфика прва станица кон осминафиналето

102

Лидерот во домашното ракометно првенство, екипата на Вардар, попладнево гостува во Лисабон кај екипата на Бенфика во првиот меч од главната фаза на второто по ранг европско натпреварување, Европската лига на ЕХФ.

Вардар пренесе два бода во новата група, додека Бенфика е единствениот тим кој од „нула“ тргнува во главната фаза. Досега овие два тима се немаат сретнато во европските купови, но јасно е дека Вардар ќе има сериозен предизвик да дојде до позитивен резултат во Лисабон.

Двете екипи влегуваат во натпреварот со јасна цел, освојување на бодови кои ќе ги остават во игра за едно од првите три места кои водат во следната рунда.

Вардар, потпирајќи се на традицијата, ќе се обиде да наметне цврсто темпо и агресивна одбрана. „Црвено-црните“ секогаш се опасни на гостувањата, а тоа го видовме и во првата фаза со одличните настапи.

Од другата страна, Бенфика доаѓа со технички дисциплиниран состав, кој се потпира и на брза транзиција во нападот.

Балаж Мартон и Петер Хорват од Унгарија ќе бидат судии на денешниот натпревар, додека делегат ќе биде Французинот Лоран Ревеје.

Натпреварот стартува од 20:45 часот во „Луж Арената“ во Лисабон.

ПретходноКуманово и во следните четири години ќе биде домаќин на Купот на Македонија!
СледноВасоски: Киксот со Башкими го надокнадивме во Струга, а против Шкендија да бидеме на истото ниво