Американката Елана Мејерс Тејлор конечно го оствари својот олимписки сон и го освои златниот медал во боб поединечно. Елана стана олимписка шампионка на 41-годишна возраст, освојувајќи олимписки медали петпати во својата славна кариера, но досега ниту еден не беше златен (три сребрени и два бронзени).
Американката со овој подвиг стана највозрасната која освоила злато на ЗОИ. Таа го сруши рекордот на сноубордерот Бенџамин Карл, поставен исто така на Игрите во Милано и Кортина, за најстар олимписки шампион во индивидуални дисциплини. Австриецот го освои златото во паралелен слалом на 40 години, додека Елана има 41 година.










