Алкалоид го закажа дербито со Вардар 1961!

155

Овој викенд во машката Супер-лига ќе има дерби натпревар од врвот на табелата, младиот состав на Алкалоид на домашен терен го пречекува Вардар 1961 во меч од 22. коло. Натпреварот ќе се одигра во сабота во салата Автокоманда со почеток во 19:30 часот.

Вардар 1961 е лидер на табелата со 40 бода, има скор од 20 победи и еден пораз, додека пак Алкалоид е на третото место со 35 бода, второто место му припаѓа на Пелистер, кој има еден бод повеќе од избраниците на Кирил Лазаров.

Првата средба меѓу Алкалоид и Вардар 1961 заврши со победа на поискусниот состав на Иван Чупиќ, кој денеска го игра првиот натпревар од главната рунда во Европската лига.

 

ПретходноЛШ: Нов чин од пресметката Бенфика – Реал, француска пресметка во Монако
СледноМЗТ Скопје посети фан во болница и му подари златен медал (ФОТО+ВИДЕО)