Алушовски: Висла е еден од најдобрите тимови, но ние сме конкурентни против секого!

118
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер се подготвува за дуелот против Висла Плоцк, кој е во рамките на Лигата на шампиони. Македонскиот првак игра на домашен терен, а билетите за овој натпревар веќе одамна се пуштени во продажба.

Мечот со полскиот тим ќе биде прв во ЛШ за Стевче Алушовски во кам-бекот на клупата на битолчани. Свесен е за квалитетот на противникот, но најави максимална борба потенцирајќи дека Пелистер е секогашн конкурентен и против најсилните кога игра пред своите навивачи.

„Задоволство е што се враќам во мојот клуб. Работиме напорно и сме подготвени за натпреварот со Висла Плоцк. Полскиот шампион е еден од најдобрите тимови во Европа, но ние сме конкурентни против секој тим и со нашите навивачи ветуваме голем натпревар против Плоцк“, рече стратегот на Пелистер.

Мечот се игра во четврток со почеток во 20:45 часот.

ПретходноМаринакис ветил премии од 1 милион евра ако Олимпијакос го мине Баер (Л)
СледноАко испадне од Премиер лигата на Тотенхем ќе му се случи финансиски крах!