Голем потег на освојувачот на Купот, МЗТ Скопје А. Претставници на клубот беа во посета на еден од најголемите навивачи, Ристе Божиновски – Мачор, кој води здравствена битка од која сите очекуваат да излезе како голем победник.
Освоениот пехар од Купот на Македонија синоќа се најде во неговата болничка соба, а од капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓоревски и тренерот Васко Атанасов доби златен медал, специјално обезбеден за него како мотив да издржи во борбата што му претстои.
Потег за почит!










