Норвешкиотс удија Рохит Саги ќе биде на центарот во Скопје в четврток за првиот натпревар на македонскиот шампион Шкендија во плеј-офот во Конференциската лига на УЕФА. тетовци го пречекуваат турскиот состав Самсунспор со надеж дека може да направат уште едно големо изненадување во европските купови.
Андерс Олав Дале и Јорген Валстадсве ќе ја имаат улогата на асистенти на главниот судија, а и преостанатите официјални лица кои ќе работат во ВАР собата ќе бидат од Норвешка.
Средбата во Скопје в четврток на Националната арена ќе започне во 21 часот.










