Мите Цикарски и Мартин Шаренкоски се нови играчи на струмичка Беласица.
Во пресрет на новата сезона второлигашот Беласица се засили со уште двајца квалитети играчи. Мите Цикарски е играч кој ги покрива крилните позиции и ќе претставува уште едно освежување ростерот на струмичани, а се очекува да внесе и уште поголем квалитет со прволигашко искуство во офанзивата на тимот на Беласица. Тој во Струмица дојде од Вардар.
Мартин Шаренкоски е играч од средината на теренот и ќе претставува уште едно освежување за тимот. Инаку Шаренкоски во Беласица дојде од екипата на ФК Детонит Плачковица.










