Марио Илиевски е играч на колото во Косово

112

Македонскиот интернационалец, Марио Илиевски ја игра сезоната на својата кариера во Косово. Напаѓачот на Приштина е прогласен за играч на колото во рамките од 20. етапа на шампионатот на оваа земја, откако постигна два гола во победата од 4:1, против тимот на Лапи.

Токму затоа е и прогласен за најдобар, со што само ја потврдува својата форма во моментов.

Илиевски сезонава веќе постигна десет гола во шампионатот, два во Купот на Косово, а додаде и шест асистенции.

ПретходноЈана Атанасовска го заврши настапот на ЗОИ
СледноРосети: Европскиот фудбал не смее да се сведе на микроскопски ВАР интервенции