Пекол ја чека Шкендија: Шампионот за 18 дена ќе мора да одигра ШЕСТ натпревари!

197

Убаво е кога си успешен во Европа, кога за првпат играш европски мечеви во пролетниот дел во фудбалска Европа, но тоа си носи и свои последици. Имено распоредот на Шкендија оваа фаза е и тоа како згуснат. Тетовските “црвено – црни“ треба да одиграат дури шест средби за 18 дена, а се знае дека куп мечот со Струга ТЛ кој беше закажан за 25 февруари е одложен и тоа поради фактот дека играчите на Шкендија на 26 февруари го играат реваншот со Самсунспор во нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Па така од четврток (19 февруари) па се до 8 март, тимот на стратегот Јетон Беќири ќе одигра шест натпревари, два европски со Самсунспор и четири од домашниот шампионат. Ова му доаѓа дека на секој трет ден ќе мора да игра натпревар.

И не е толку тоа проблем колку фактот дека терените во Македонија во овој период од годината се ужасни, и јасно е дека кога играш на такви терени повредите се неминовни а и потребна е поголема физичка сила.

Сепак, тоа е.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ШКЕНДИЈА

19.02.2026: Шкендија – Самсунспор

22.02.2026: Силекс – Шкендија

26.02.2026: Самсунспор – Шкендија

01.03.2026: Шкендија – Пелистер

04.03.2026: Вардар – Шкендија

08.03.2026: Шкендија – Брера

ПретходноНишто ново од Мурињо: ШОУ на “Специјалниот“ во Лисабон! (ВИДЕО)
Следно“Бомба“: Ливерпул тргнува по Родриго!