Играчот на Бенфика со порака: Не сум расист!

168
Фото: Бенфика Х

Џанлука Престијани одговори на обвинувањата на Винисиус Жуниор за расизам за време на натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид. Бразилецот тврдеше дека Аргентинецот го навредил на расистички начин, нарекувајќи го „моно“, што на шпански значи мајмун. Престијани се огласи на социјалните мрежи и ги деманираше овие тврдања.

„Сакам да разјаснам дека во ниту еден момент не го навредив Винисиус Жуниор на расистички начин, кој за жал погрешно протолкуваше нешто што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист кон никого и жалам за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“, напиша Аргентинецот.

Бенфика, исто така, објави порака во која пишуваше „Заедно, покрај вас“ во знак на солидарност со бројот 25.

ПретходноЃоковиќ ќе игра на турнирот на кој дебитираше пред 20 години!
СледноМбапе за скандалот во Лисабон: Бројот 25 од Бенфика пет пати му кажа на Вини дека е мајмун!