Постојат различни толкувања за тоа дали Јаник Синер сакал да го “пецне“ Карлос Алкараз или едноставно го кажал она што го кажал без никаква намера. Но, зборувајќи со новинарите во Доха, Италијанецот јасно истакна една голема разлика во начинот на живот во споредба со Шпанецот.
Кога еден новинар го праша за неговиот однос со неговите родители, кои ретко патуваат со него, тој одговори: –
“Немам 13 години, не сум на возраст кога моите родители ме викаат секој ден. Имаме опуштен однос, и моите родители и јас, како и мојот брат и јас – ги пренесува„Punto de break“ зборовите на Синер, чиј постар брат е посвоен од Русија.
“Има недели кога редовно се слушаме и се јавуваме секој ден. Но, има и периоди кога не се слушаме цела недела и тоа, исто така, ми се чини сосема нормално. Сакам моите родители да доаѓаат да ме гледаат почесто, но ја разбирам нивната ситуација и ја прифаќам. Тие мислат дека сум доволно зрел и дека можам да се справам со сè.“ посочи Италијанецот.
Секако, споредбата со односот на Алкараз со неговите родители е јасна. Карлос доаѓа на секој турнир со речиси целото семејство, мама, тато, браќа, сите велат за неговиот татко дека тој ги влече конците во својата кариера, дека секоја одлука доаѓа од него.










