ТИМ И ИГРАЧ НА 18.КОЛО: Цветковиќ е супер засилувањето на Вардар

198

Откако се одиграа првите две кола во пролетниот дел од сезоната, дали некој се сеќава на Роџерс Мато? Или дали фановите на Вардар сеуште жалат што си замина најдобриот во есенскиот дел? Не веруваме, а за тоа е заслужен Стефан Цветковиќ, новиот напаѓач на Вардар кој дојде овој зимски преоден рок како екстра засилување и како замена за Мато. И веднаш Стефан ја искажа сета своја класа на средбите со Арсими и Работнички, на кои беше убедливо најдобриот поединец во тимот на стратегот Гоце Седлоски. Креира шанси, знае и тоа како да „тресе“, добро се “чита“ со своите соиграчи како да играл години со нив.

Нема што, Цветковиќ е супер засилувањето на Вардар.

Според “СпортСпорт“ тој е играчот на ова 18.коло, а покрај него во идеалните единаесетмина од Вардар е и Омерагиќ, тука се и Мелиќи, Зејнулаи и Тамба (Шкендија), Вргов,Луковиќ (Брера), Пиреш, Алиќ (Силекс), Софијановски (Македонија ЃП), Сумер (Башкими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

СТЕФАН ЦВЕТКОВИЌ

Тим: Вардар

Роден: 12.01.1998 во Лесковац (Србија)

Кариера: Ц. Звезда, Графичар, Бачка, Чукарички, Металац, РФС, Раднички Ниш, Железничар Панчево, Вардар

Претходно„FFM Podcast“ со селекторот Гоце Седлоски, четврток 20:00 часот (ВИДЕО)
СледноНорвежанецот не застанува: Клебо израмни уште еден рекорд на ЗОИ