Холсе: Мечот со Шкендија е шанса да стартуваме една нова страница со новиот тренер

61

Данскoто десно крило од екипата на Самсунспор, Карло Холсе, на прес-конференцијата одржана пред натпреварот од плејофот на УЕФА Конференциската лига против Шкендија, истакна дека овој меч во Скопје може да бид епресвртница во сезоната за Самсунспор.

Холсе призна дека перформансите на тимот во последните недели биле неконзистентни, наведувајќи дека тоа е дел од фудбалот.

„Кога ќе ги погледнете нашите перформанси во последните недели, ќе видите дека имавме подеми и падови; овие работи се нормални, но ние игравме на начини што не ги сакавме. Сè што треба да направиме е да работиме напорно. Сакаме да го запреме овој лош период со спроведување на упатствата на нашиот нов тренер и она што тој го сака од нас на теренот. Утрешниот натпревар може да биде добар почеток за нова ера; се надеваме дека ќе го покажеме она што го сакаме и на утрешниот и на следниот натпревар и ќе ја завршиме оваа лоша серија. Со нетрпение очекуваме да го одразиме она што го сакаме на теренот и да постигнеме добри резултати“, изјавил Данецот.

ПретходноНорвежанецот не застанува: Клебо израмни уште еден рекорд на ЗОИ
СледноКарабах прими пет парчиња за едно полувреме: Гордон постигна „покер-голови“