Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија, утре со почеток од 21:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра првиот меч од нокаут фазата од плеј офот во Лигата на Конференции. Противникот е тимот на турски Самсунспор, кој што секако е огромен фаворит но само на хартија.
Шкендија сезонава покажа дека има и тоа како капацитет да се носи со сериозни европски противници, и токму поради тоа дочека европска пролет, односно елиминациона фаза во Лигата на Конференции.
„Се отежнаа работите за нас затоа што противникот има нов тренер и тоа значи промена на игра. Меч кој треба да го чувствуваме, да уживаме. Да се игра во Европа во февруари е нешто спектакуларно. Ќе се бориме за добра претстава и за добар резултат. Мислам дека Самсунспор е еден од поквалитетните екипи, но и најквалитетните, затоа што само една до две екипи се посилни од нив во ова натпреварување. На почетокот на мечот нема да знаеме со каква формација ќе играат затоа што кога еден тренер дебитира не можеме да знаеме. Но се надевам дека ќе дадеме максиумум и да бидеме борбени и трпеливи. Распоредот е згуснат, јас мислам дека имаме голем ростер и ќе ни излезат во пресрет за овие два меча. Треба да се бориме до последен момент, затоа што во наш интерес е да имаме што повеќе мечеви и да се преставуваме добро и како македонска екипа во Европа“ – изјави на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.











