Македонската скијачка надеж, Јана Атанасовска денеска настапи на Зимските Олимписки Игри.
За жал 19-годишната македонска олимпијка не успеа да ја заврши првата трка во слалом.
И на оваа трка настапија бројни познати имиња. Од 95 натпреварувачки, дури 65 ја завршија првата трка.
Јана е последниот претставник на ЗОИ, претходно настапија Ставре Јада, Виктор Петров и Ана Цветановска.










