Утре со почеток од 21:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје актуелниот бранител на титулата во фудбалскиот шампионат на Македонија, тимот на Шкендија, ќе го одигра првиот меч од нокаут фазата од плеј офот во Лигата на Конференции. Противникот е тимот на турски Самсунспор, кој што веќе пристигна во Скопје, и преку социјалните мрежи тоа го прикажа на фантастичен начин.
Со серијал од фотографии од центарот на градот, плоштадот, Калето, како и спомениците кои што го красат Скопје.
Самсунспор е сериозен клуб, кој што пристигна со чартер од Турција и кој што е голем фаворит во дуелот со нашиот шампион.
Сепак, Шкендија во својот европски настап сезонава, не само што покажа дека може многу, покажа дека може и тоа против силни противници, токму од калибарот на Самсунспор.
Противникот во Скопје пристигна со новиот тренер Торстен Финк кој што своето деби на клупата на Самсунспор ќе го има токму против Шкендија.










