Собослаи ќе биде следниот капитен на Ливерпул

36
фото: LFC (X)

Вирџил ван Дајк верува дека Доминик Собослај ги има потребните квалитети еден ден да ја преземе улогата на капитен на Ливерпул.

„Тој е еден од најдобрите играчи во светот во моментов“, рече Мо Салах за играта на Унгарецот оваа сезона.

Унгарскиот играч од средниот ред успеа да постигне десет гола оваа сезона, а исто така имаше и седум асистенции. Во исто време, тој се развива во еден од лидерите во тимот на Ливерпул, оценува Вирџил ван Дајк. Актуелниот капитен дури е убеден дека Собослај еден ден може да ја преземе капитенската лента.

„Тоа зависи од менаџерот, но да. Секако дека е навистина добар. Исто така мислам дека сè уште може да го направи следниот чекор како лидер во тимот“, изјавил Холанѓанецот.

ПретходноПо четири операции, Вон замина од болницата во Тревизо
СледноКомо му грабна бод на Милан, Алегри доби црвен картон