Јана Атанасовска го заврши настапот на ЗОИ

73

Македонската скијачка надеж, Јана Атанасовска денеска настапи на Зимските Олимписки Игри.

За жал 19-годишната македонска олимпијка не успеа да ја заврши првата трка во слалом.

И на оваа трка настапија бројни познати имиња. Од 95 натпреварувачки, дури 65 ја завршија првата трка.

Јана е последниот претставник на ЗОИ, претходно настапија Ставре Јада, Виктор Петров и Ана Цветановска.

ПретходноМбапе за скандалот во Лисабон: Бројот 25 од Бенфика пет пати му кажа на Вини дека е мајмун!
СледноМарио Илиевски е играч на колото во Косово