Висла го претстави Пелистер – гордоста на Битола: Нивните фанови прават неверојатна атмосфера

177

Пелистер денеска против Висла Плоцк на домашен терен го првиот меч од продолжението на Лигата на шампиони. Македонскиот првак има скор од две победи и осум порази, и се наоѓа на седмото место на табелата во групата Б. На другата страна пак противникот се наоѓа на третото место, и главна цел е да ја задржи оваа позиција.

Првата средба меѓу овие два тима заврши со убедлив триумф (36-25) на полскиот тим. Но, овој резултат не значи ништо бидејќи македонскиот првак игра пред своите фанови, па мотивиот е поголем. Минатата година Висла беше поразена, па токму затоа сите се внимателни.

За атмосферата во Битола веќе на големо се зборува во Европа. Висла на својата официјална страница го претсави Пелистер, како гордост на Битола и тим кој има фантастична атмосфера, за која зборуваа тренерот Хавиер Себате и голманот, Мирко Алиловиќ.

„Ја започнуваме втората половина од сезоната. Знаеме што да очекуваме во Пелистер – фантастична атмосфера создадена од локалните навивачи. Минатата сезона загубивме. Ова се два многу важни бода за нас“, рече Хавиер Сабате, тренерот на полскиот тим.

Истото мислење го дели и искусниот голман на гостинската екипа.

„Знаеме дека влегуваме во најтешкиот и истовремено најважниот дел од сезоната. Сега, секој натпревар и секој бод е уште поважен од порано. Секогаш има неверојатна атмосфера во Битола, бидејќи навивачите таму се многу наклонети кон својот тим, па затоа нè очекува тежок натпревар. Ни требаат овие бодови за да го задржиме третото место на табелата и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го постигнеме тоа. Минатата година видовме дека е ова многу тешка средина, но верувам дека ги научивме вистинските лекции и ќе бидеме подготвени да се бориме за победа“, коментираше Мирко Алиловиќ.

Мечот меѓу Пелистер и Висла Плоцк е закажан со почеток во 20:45 часот.

ПретходноФК Вардар го завери својот супер-талент до 2029 година!
СледноНешто не е во ред: Трент Александер-Арнолд веќе е разочаран?