КЛ: Зрински ремизираше со Палас, „вардарецот“ Хамбарѕумјан за историска победа на Ноа

48
фото: UEFA Conference League (X)

Фудбалерите на Зрињски покажаа „заби“ на дуелот со Кристал Палас и одиграа нерешено, 1:1 во еден од најинтересните попладневни дуели во плеј-офот во Конференциската лига. Кристал Палас поведе со голот на Исмаила Сар, а десетина минути од стартот на вториот дел, Зрињски израмни со голот на Абрамовиќ.

Истиот резултат беше и во Оломоуц, каде што домашниот тим Сигма, ремизираше со Лозана.

Историска победа оствари ерменскиот тим Ноа, кој со 1:0 славеше над тимот на АЗ Алкмар. Единетсвениот гол го постигна некогашниот фудбалер на Вардар и ерменски репрезентативец, Хамбарѕумјан.

Единствената победа на гостинските екипи во овој термин ја оствари полскиот тим на Лех, кој го победи КуПС во Финска со резултат од 0:2.

ПретходноЛЕ: Дебакл на Динамо на „Максимир“, радост за сите гости
СледноКуртоа им се приклучи на Ѓоковиќ и Маса за да стане ко-сопственик на Ле Манс