За нешто повеќе од еден час на Арената Тодор Проески во Скопје, актуелниот шампион Шкендија го игра дуелот против Самсунспор во рамките од нокаут фазата од плеј офот во Лигата на Конференции.
Предмалку беа објавени и официјалните состави на овој дуел, а Шкендија ќе настапи во следниот состав.
На голот е стандардно Гаје, а во последната линија ќе бидат, Мурати, Фетаи, Мелиќи и Вебстер. Пред нив во средниот ред се Рамадани и Алхасан, а во навалниот ред се Тамба, Зејнулаи, Спахиу и капитенот Бесарт Ибраими.










