Полувреме 0-0: Шкендија се брани, гостите преку Ндиаје промашија пенал! (ВИДЕО)

202

Шкендија – Самсунспор 0:0 по првото полувреме од првиот меч во плеј – офот во Лигата на Конференции кој се игра вечерва на Арената во Скопје.

Гостите во целост доминира, создадоа повеќе шанси, промашија и пенал, па така вистинско чудо е како немаат водство. Додека Шкендија беше ориентирана на одбрана и преку контри се обидуваше да дојде до водство, но без успех.

Се играше 6.минута кога Фетаи несмасно реагираше и го фаулираше Асоумои, судијата Саги покажа на белата точка, а и ВАР потврди дека е пенал. Шериф Ндиаје ја презеде одговорноста, но го промаши целиот гол, нереализиран пенал. Среќа за Шкендија.  (ВИДЕО ЛИНК)

По тие моменти Шкендија како да се ослободи од притисокот, а во два наврати и опасно се закани преку Рамадани и Тамба, но немаше гол за радост на нашиот шампион.

Гостите вратија преку Холсе со убава шанса, но неговиот шут заврши покрај десниот дирек на Гаје. Гостите имаа шанса преку Асоумои, но и сега Гаје убаво одбрани.

Турскиот состав и во продолжение од првиот дел беше опасен. Холсе директно од корнер за малку ќе ја затресеше мрежата на Шкендија, а потоа и Нчам биеше опасно, но и сега Гаје одбрани. Холсе и во 39.минута беше во супер шанса, но и сега тетовци имаат среќа.

Лига Конференции – ПЛЕЈ – ОФ

ШКЕНДИЈА – САМСУНСПОР 0:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Рохит Саги (Норвешка). Стрелци:/

ШКЕНДИЈА: Гаје, Мурати, Фетаи, Мелиќи, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Зејнулаи, Спахиу, Ибраими, Тамба.

Тренер: Јетон Беќири.

САМСУНСПОР:Кочук, Зеки Вавру, Сатка, Ван Дронгелен, Томасон, Макумбоу, Нчам, Мендес, Холсе, Асоумоу, Ндиаје.

Торстен Финк.

ПретходноКуртоа им се приклучи на Ѓоковиќ и Маса за да стане ко-сопственик на Ле Манс
СледноСамсунспор не го заборави: Специјален дрес за Ѓоре Јовановски (ФОТО)