Самсунспор не го заборави: Специјален дрес за Ѓоре Јовановски (ФОТО)

340
фото: Samsunspor (X)

Со самото пристигнување во Македонија, претставниците на екипата на Самсунспор организираа и средба со нашиот фудбалски стручњак Ѓоре Јовановски, кој е инаку поранешен играч на турскиот клуб и го носеше дресот на Самсунспор меѓу 1986 и 1988 година. Тој беше и тренер на Самсунспор во 2002 година.

За време на посетата, оперативниот директор и член на Извршниот одбор на турскиот клуб, Сонер Сојкан, му подари на Ѓоре Јовановски дрес специјално подготвен со неговото име.

ПретходноПолувреме 0-0: Шкендија се брани, гостите преку Ндиаје промашија пенал! (ВИДЕО)
СледноВлаховиќ сега сака да го продолжи договорот со Јувентус, Барса е план Б