Фантастично: Шкендија ако го мине Самсунспор ќе стигне до 7 милиони евра заработка оваа сезона во Европа!

313
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Познато е дека од досегашните настапи во Европа сезонава, од јули па наваму, Шкендија има вкупна заработка од УЕФА од, неверојатни за наши услови, 6 милиони евра. Тука не ги сметаме ТВ правата и секако продадените билети за домашните натпревари. Со оглед на тоа дека нашиот шампион вечерва и за седум дена, го игра двомечот со Самсунспор во нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции, оваа сума може и тоа како да се зголеми. Имено според ценовникот на УЕФА што е познат уште пред да стартува сезоната, во случај Шкендија да го елиминира Самсунспор и со тоа да се пласира во 1/8 финалето во Лигата на Конференции, тогаш ќе заработи уште +800.000 евра. Што значи ако тетовци го минат турскиот тим тогаш заработката од УЕФА ќе биде околу 7 милиони евра. Сума која е фантастична за наши услови.

Ова се два годишни буџети на клубот од Тетово.

Фудбалската јавност верува дека Шкендија има сила, знање и моќ, да ја мине и оваа пречка во Европа.

Да, Самсунспор е силен тим, фаворит на хартија ама и Шкендија е силна. Штом стигна до оваа фаза во ЛК, тогаш заслужува респект.

Инаку интересно ќе биде раководството на Шкендија да искочи со официјален податок за тоа колку досега играчите добиле вкуно премии за овие силни успеси во Европа.

Колку и да се, Ибраими и другарите во целост ги заслужија тие пари. Добро ќе биде да се стори тоа со цел конечно да престанат шпекулациите.

ПретходноДимитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!
СледноФК Вардар го завери својот супер-талент до 2029 година!