Гостинските екипи беа неприкосновени на вечерашните први плеј-оф мечеви од Лигата на Европа. Сите четири средби од првата рунда вечерва им припаднаа на гостинските екипи. Најубедлив беше англиски Нотингем Форест кој со 3:0 го совлада Фенербахче среде Истанбул и со една нога зачекори кон осминафиналето.
Одлични резултати пред реваншите на домашен терен носат и Генк, Селта и Болоња. Иако победите им се минимални, селта и Болоња, сепак, мирно ќе ги дочекаат возвратните 90 минути пред своја публика.
Во Загреб, Динамо беше во негатива од 2:0 по само дваесетина минути игра, но до полувремето успеа да намали. На крајот домашните немаа сили за израмнување, а Белгијците во послендите минути од мечот погодија и за уште поубедлив триумф од 1:3.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ПЛЕЈ-ОФ
(ПРВИ НАТПРЕВАРИ):
Фенербахче – Нотингем Форест 0:3
0:1 Муриљо 21′, 0:2 Хесус 43′, 0:3 Гибс-Вајт 53′
Динамо Загреб – Генк 1:3
0:1 Хејман 15′, 0:2 Ел Уахди 21′, 1:2 Белио 45′, 1:3 Ел Уахди 90′
ПАОК – Селта 1:2
0:1 Аспас 34′, 0:2 Сведберг 43′, 1:2 Јеремејф 77′
Бран – Болоња 0:1
0:1 Кастро 9′










