Повеќе нема назад: Грчкиот ѕвер го изговори на глас она што се „шушкаше“ со месеци!

220

Во време кога се чинеше дека работите можат да се движат во постабилна насока, дојде студен туш за сите оние кои со години го следат тимот на Бакс. Грчката суперѕвезда Јанис Адетокумбо јавно потврди дека ќе ги напушти Милвоки.

Со ова практично се стави крај на една од најдолгите и најемотивните врски меѓу играч и клуб во модерната ера на НБА.

Во интервју за грчката Космоте ТВ, Јанис отворено призна дека односот меѓу него и клубот повеќе не е ист.

„Да зависеше од мене, веќе ќе бев во друг клуб. Следното лето, сè ќе биде во мои раце, кога ќе бидам слободен агент, ќе го напуштам Милвоки“, рече Јанис.

Оваа изјава ток потврди дека веќе размислува за следниот чекор во својата кариера.

Тоа е и порака до раководството на Бакс дека нема повеќе време за чекање.

Иако неговиот тековен договор важи до летото 2027 година, ситуацијата на и надвор од теренот очигледно го забрза развојот на настаните.

Сè укажува дека клубот би можел да биде принуден да реагира уште во следната сезона.

Во спротивно, постои реална опасност една од најголемите ѕвезди во лигата да го напушти тимот без никаква отштета.

ПретходноШкендија го игра 68. европски меч, Самсунспор само деветтиот! 6,8 милиони евра VS 56,7 милиони евра!
СледноРК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мелсунген! (ФОТО)