И покрај големите успеси, и покрај историскиот пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции, мора да се каже дека на сите мечеви како домаќин, Шкендија ја немаше таа потребна поддршка од трибините. И вечерва Арената зјаеше речиси прзна.
Срамно е тоа што гостите од Турција имаа поголема поддршка, нивни фанови имаше барем 1.500, а тие на Шкендија, “Балисти“ веројатно двојно ако не и тројно помалку.
Штета, ова е историска сезона за Шкендија, за мак – фудбалот и нашиот шампион заслужи поголема поддршка, посебно од своите фанови.










