Капитенот на Интер со сериозна повреда!

265
ФОТО: Inter/FB

Интер претрпе болен пораз од Бодо/Глимт со 3:1 во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите. Сепак, ледената вечер во Норвешка донесе уште една исклучително загрижувачка вест за „неро-аѕурите“ – сериозната повреда на напаѓачот Лаутаро Мартинез.

Покрај самиот пораз, големата загриженост во таборот на Интер е поврзана со состојбата на капитенот Лаутаро Мартинез, кој беше принуден да го напушти теренот.

По натпреварот, тренерот Киву го опиша аргентинскиот напаѓач како „изгубен“ и кога го прашаа што мисли, тој објасни:

Тоа значи дека Лаутаро е повреден, и тоа доста сериозно“ истакна стратегот на Интер и додаде:
„Мислам дека е повреден и ќе биде надвор од терените некое време“, додаде романскиот специјалист.

Според „Скај“, Лаутаро ќе биде подложен на медицински прегледи во петок за да се утврди сериозноста и природата на повредата, а првичните прогнози укажуваат на повреда на листот.
Во оваа фаза, се чини малку веројатно дека Аргентинецот ќе биде достапен за реваншот, кој ќе се игра следниот вторник на „Сан Сиро“.

ПретходноНови моменти: Наводно инцидентот го започнал Винисиус, еве со кои зборови прво му се обратил на Престијани! (ВИДЕО)
Следно“Кралевите“ со официјално соопштение: На УЕФА ѝ ги предадовме сите докази за расистичките акти!