ЛЕ: Голема победа за Ц. Звезда против Лил, Штутгарт го „растури“ Селтик

54

Белградска Црвена Звезда се враќа со голема победа од Франција, каде во првиот плеј-оф натпревар во Лигата на Европа славеше со минимални 1:0 на гостувањето против Лил. Французите беа значително ослабени за овој меч, а белграѓани тоа го искористија и со голот на Учена во финишот на првиот дел успеаја да слават.

Штутгарт се враќа со победа од Шкотска, каде вечерва со убедливи 4:1 го порази тимот на Селтик. Оваа победа за Германците е голем чекор кон осминафиналето.

Единствена домашна победа вечерва за бугарски Лудогорец која со 2:1 беше подобар од Ференцварош. Нерешено беше во Грција, каде Панатинаикос и Викторија Плзен завршија 2:2.

Селтик – Штутгарт 1:4

0:1 Ел Ханус 15′, 1:1 Нигрен 21′, 1:2 Ел Ханус 28′, 1:3 Левелинг 57′, Томас 93′

Лил – Црвена Звезда 0:1

0:1 Тебо Учена 45+1′

Лудогорец – Ференцварош 2:1

1:0 Дуа 23′, 1:1 Бамиделе 27′, Сон 67′

Панатинаикос – Викторија Плзен 2:2

0:1 Вишински 11′, 1:1 Тете 31′, 2:1 Тете 61′, 2:2 Ладра 80′

 

 

ПретходноЛК: Борбената Шкендија со пораз, Самсунспор ја потврди својата класа!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноМитревски: Конфузен натпревар, со многу грешки!