ЛК: Борбената Шкендија со пораз, Самсунспор ја потврди својата класа!(ФОТО+ВИДЕО)

146

Во првиот меч од нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции, вечерва во Скопје, Шкендија беше поразена со 0:1 од силниот состав на Самсунспор. Нашиот шампион покажа голема борбеност, желба, мотив, но сепак треба да се признае дека квалитететот е на страната на турскиот тим.

Па така на Шкендија и треба чудо на реваншот во Самсунспор за седум дена за пласман во 1/8 финалето.

Уште на стартот од мечот гостите наметнаа притисок, тетовци тешко се справуваа со него. Евидентно беше дека Самсунспор сакаше брз гол и за малку ќе успеше во таа намера.

Се играше 6.минута кога Фетаи го фаулираше во својот шеснаесетник Аосумои и тоа за судијата Саги беше пенал, а и ВАР потврди.

Шериф Ндиаје ја намести топката на белата точка, но го промаши целиот гол, нереализиран пенал. Среќа и тоа каква за за Шкендија.

По тој промашен пенал на Самсунспор, домашниот состав како да се ослободи од притисокот, а во два наврати и опасно се закани преку Рамадани и Тамба, но немаше причина за радост на нашиот шампион.

Гостите вратија со повеќе шанси и опасни закани поголот на Гаје.преку Прво Холсе со убава шанса, но неговиот шут заврши покрај десниот дирек на Гаје, потоа и преку Асоумои, но и сега Гаје убаво одбрани.

Самсунспор и во продолжение беше опасен. Холсе директно од корнер за малку ќе ја затресеше мрежата на Шкендија, а потоа и Нчам биеше опасно, но и сега Гаје одбрани. Холсе и во 39.минута беше во супер шанса, но и сега тетовци имаат среќа.

Па така на пауаза се замина со тие 0:0

УФ, КАКВА ШАНСА ЗА ИБРАИМИ?!

Се играше 52.минута кога домашниот капитен, Бесарт Ибраими по левата страна убаво се најде пред голот на гостите, си се намести и шутираше, но за малку непрецизно.

Штета, голема штета. Ова мораше да биде гол

Само три минути подоцна гостите имаа зицер. Асоумоу беше еден на еден со Гаје, но голманот на Шкендија повторно брани.

Браво за Бабукар Гаје.

Самсунспор не престануваше со нападите, очигледно беше дека сака по секоја цена во Скопје да дојде до водство. И натаму се редеа акциите и шансите за тимот на Торстен Финк, но гол немаше натаму. Шкендија умешно се бранеше. Во таа 67.минута Ибраими и Рамадани беа повлечени од игра а на нивно месте влегоа Ндзенгуе и Красниќи, претходно и Ислами влезе.

Се играше 77.минута кога Мариус, откако доби одлична топка пред голот на Шкендија, ја затресе мрежата на Гаје за водство на Самсунспор, за радост на околу 1.000 фанови на турскиот тим. Интересно е тоа што тој пет минути претходно влезе во игра на местото на Ндијае. (ВИДЕО ЛИНК)

Се чини дека заслужено водство на турскиот тим, според играта и шансите што ги имаше вечерва на Арената во Скопје. До крајот гостите имаа шанси за уште некој гол, но сепак овој меч заврши со тие 0:1.

Лига Конференции – ПЛЕЈ – ОФ

ШКЕНДИЈА – САМСУНСПОР 0:1 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Рохит Саги (Норвешка). Стрелци: Мариус 77.(САМ).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Мурати, Фетаи, Мелиќи, Вебстер, Р. Рамадани (67. Красниќи), Алхасан (46. Ислами), Зејнулаи, Спахиу (85.Крстевски) Ибраими (67.Ндзенгуе), Тамба (90.Каба).

Тренер: Јетон Беќири.

САМСУНСПОР:Кочук, Зеки Вавру, Сатка, Ван Дронгелен, Томасон, Макумбоу, Нчам, Мендес, Холсе, Асоумоу (85. Цесау), Ндиаје (72. Мариус).

Торстен Финк.

На другите мечеви вечерва во Лигата на Конференции се постигнаа следните резултати: Дрита – Цеље 2:3, Јагелонија – Фиорентина 0:3 и Омонија – Ријека 0:1.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноПелистер немаше сили за реванш, Висла победнички во Битола
СледноЛЕ: Голема победа за Ц. Звезда против Лил, Штутгарт го „растури“ Селтик