Манасков: Мораме да имаме одлична дефанзива и да знаеме што сакаме во нападот

99

Во Битола вечерва се враќа Лигата на шампиони, во салата „Боро Чурлевски“ гостува Висла Плоцк го меч од 11. коло. Пелистер во овој натпревар влегува со промена на тренерското место, Стевче Алушовски во продолжение на сезоната ќе го предводи македонскиот првак.

Првата средба меѓу двата тима заврши со убедлив триумф на гостите, но Пелистер памети победа над Висла, минатата сезона на домашен терен славеше со 31-28. Со оглед на резултатите кои ги бележи противникот, битолчани ќе имаат тешка задача, но најважно ќе ја имаат поддршката од своите фанови.

„После подолго време се враќаме во Лигата на шампионите. Пред нас е еден многу тежок натпревар, во специфичен момент за екипата. Имаме нов тренер, но се трудиме да бидеме максимално подготвени за предизвикот. Работиме на усовршување на деталите за кои сметаме дека можат да го одлучат натпреварот и се надеваме дека можеме да победиме пред нашите навивачи. 

Висла игра многу агресивно во одбраната, нивните халфови излегуваат многу високо, затоа ќе мораме да имаме брз проток на топката и солиден напад во простор без топка.

Ако дозволиме да прават многу фаули и прекини на играта, мислам дека ќе биде доста тешко за нас. Мораме да имаме одлична дефанзива и да знаеме што сакаме во нападот“, изјави Дејан Манасков. 

Македонскиот тим има серија од три порази во низа, вкупно осум, последен пат до победа во Лигата на шампиони дојде во ноември против Пик Сегед на домашен терен.

ПретходноРК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мелсунген! (ФОТО)
СледноНови моменти: Наводно инцидентот го започнал Винисиус, еве со кои зборови прво му се обратил на Престијани! (ВИДЕО)