Митревски: Конфузен натпревар, со многу грешки!

102

Пелистер не успеа по вторпат во Битола да дојде до победа против Висла Плоцк. Македонскиот првак беше поразен со 25-28 во 11. коло во Лигата на шампиони. Битолчани во два наврати успеа да се врати од голема негатива, но не и да приреди целосен пресврт.

Никола Митревски, кој мечот го заврши со осум одбрани, вели дека бројните грешки во моментите кога неговиот тим се враќал од негатива биле клучни за крајниот исход.

„Конфузен натпревар, со многу грешки. Двапати се враќавме во натпреварот од негатива од пет гола негатива, но во тие моменти не успеавме да израмниме. Особено во 45 минута бидејќи во тој случај во финишот ќе влезевме во еден егал, но во тие моменти направиме грешки во нападот и промашивме зицери. Сè уште треба да работиме доста, ни претстојат уште три натпревари во ЛШ и плеј-офот во Суперлигата. Нè чека многу работа и многу натпревари до крајот на сезоната“, рече Митревски.

Во следниот натпревар од Лигата на шампиони, Пелистер гостин на ГОГ.

ПретходноЛЕ: Голема победа за Ц. Звезда против Лил, Штутгарт го „растури“ Селтик
СледноСрамно: Самсунспор имаше повеќе фанови од Шкендија на Арената во Скопје! (ФОТО)