Пелистер немаше сили за реванш, Висла победнички во Битола

21

Пелистер запиша пораз во првиот меч во Лигата на шампиони во 2026 година, откако на домашен терен беше совладан од Висла Плоцк со 25-28 во 11. коло. За македонскиот првак ова е 9 пораз сезонава, има и две победи. Ова беше деби пораз за Стевче Алушовски во првиот меч во ова натпреварување.

Тајник, Петар Атанасијевиќ и Пешевски имаа по четири гола, на другата страна Јанц имаше седум гола.

Лош старт и крај на македонскиот првак во првото полувреме. Противникот отвори со 1-4 после девет минути игра. Единствениот гол во овој период му припадна на Тајник, кој го реализираше во седмата минута. Висла ги користеше минутите на слабост на Пелистер, во 16 минута поведе со пет гола разлика (4-9), благодарение на својот одличен голман Бергеруд.

Никола Митревски влезе во серија од три одбрани, а неговите соиграчи го подигнаа нивото во нападот, но и во одбраната. Сето ова вроди со плод и серија од 4-0 за 8-9 во 24. минута. Сепак во последните шест минути следеше пад, Висла врати со четири гола во низа за плсу пет 8-13. На одморот резултатот беше 9-13.

Две одбрани на Митревски на стартот на второто полувреме, Кузмановски и Пешевски доближија на 11-14. Одбраната беше голем проблем за Пелистер, ја немаше потребната цврстина за да може сериозно да му се закани на противникот, кој во 42. зголеми на +6 (14-20).

Следеше офанзива на македонскиот првак, со пет гола во низа дојде на 19-20 во 48 минута, свое шоу имаа браќата Павле и Петар Атанасијевиќ. Ричардсон и Јанц ја прекина серијата на Пелистер за 19-22 во 52. минута. Висла дојде на плус 4 (21-25), а македонскиот тим остана двајца играчи помалку на терен. Негативата во продолжение се движеше од три до четири гола, доволна за мирен финиш за гостинскиот тим.

Да напомене дека македонскиот првак не успеа да реализира и три пенали.

Во следното коло Пелистер му гостува на ГОГ.

ПретходноВлаховиќ сега сака да го продолжи договорот со Јувентус, Барса е план Б
СледноЛК: Борбената Шкендија со пораз, Самсунспор ја потврди својата класа!(ФОТО+ВИДЕО)