Како што информираат од раководството на РК Вардар преку своите социјални мрежи, денеска се пуштени во продажба билетите за дуелот со Мелсунген од 2.коло во главната фаза.
Најевтините билети чинат 250 денари.
Продажбата на билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Купување на билет можете да направите на следниот линк – https://ticketx.com.mk/events/vardar-melsungen
Натпреварот Вардар – Мелсунген е закажан за 24 февруари во 20,45 часот.
Цените на блок билетите се следните:
Блок: A2, A3, A5, A6 – 400 денари
Блок: G, 5, 6, 13, 14 – 350 денари
Блок A1, A4, 4, 7, 12, 15 – 300 денари
Блок: 3, 8, 11 i 16, A, 1, 2, 9 – 250денари










