Фановите на Самсунспор со песна во Скопје! (ВИДЕО)

263
ФОТО:x.com/Mehmetyilmaz55/

Како што и беше најавено, фудбалерите на Самсунспор вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе имаат поддршка од своите фанови. Беа најавувани околу 1.000, но ќе видиме вечерва дали ќе ги има толку. Инаку на неколку часа до почетокот на мечот со нашиот шампион, Шкендија, дел од тие фанови продефилираа низ центарот на главниот град на Македонија. Посебно весело и интересно беше во скопската чаршија каде фановите на Самсунспор со песна се “загреваа“ за вечерашниот меч од нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Да им посакаме убаво да си поминат во Скопје, но и да бидат тажни некаде после 23 часот кога ќе заврши мечот Шкендија – Самсунспор.

ПретходноПаника на “Емирејтс“: Изгледа дека со овој тренер Арсенал никогаш нема да биде шампион во ПЛ!
СледноСилна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии!