Новак Ѓоковиќ, се пријави и за Мастерсот во Мајами, кој е закажан од 15 до 29 март. Главни фаворити се Карлос Алкараз и Јаник Синер, но списокот на учесници не гарантира дека тенисерите ќе играат на престижниот турнир во Флорида. Српскиот ас ќе игра натпреварувачки тенис во Индијан Велс за прв пат по Отвореното првенство на Австралија, а потоа ќе ја донесе конечната одлука за Мајами.
Организаторите веќе се пофалија дека доаѓаат најдобрите тенисери на денешницата, го ставија Новак на главниот постер и очигледно се надеваат на негово враќање.
The best in the game coming to Miami 😮💨 pic.twitter.com/PO4lfAAT9u
— Miami Open (@MiamiOpen) February 18, 2026
Ѓоковиќ минатата сезона играше на двата турнири во Америка, а потоа се пресели на земјена подлога. Стигна до финалето, каде што беше поразен од Јакуб Меншик по борба во два сета и два тајбрека.
Досега го освои Мајами шест пати – 2007, 2011, 2012, 2014, 2015, 2016, па затоа чекаше цела деценија за титула на турнирот каде што тој, заедно со Андре Агаси, е најуспешен.










