Вардар 1961 и официјално го потврди Вукашин Воркапиќ

84
Фото: РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар ја потврди официјалната соработка со српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ кој ќе ја засили позицијата десно крило. Тој се обврза на клупска верност до крајот на натпреварувачката 2027/2028 сезона.

Воркапиќ (28), роден во Белград, е искусно десно крило и член на српската репрезентација, со богата кариера во европски ракомет. Пред доаѓањето во Вардар, тој играше за Војводина, каде беше еден од клучните ракометари, настапувајќи во домашниот шампионат, Куп натпреварите и во ЕХФ Лигата на Европа.

Во својата кариера, Воркапиќ го носеше и дресот на Металопластика од Шабац како и во францускиот тим Иври, стекнувајќи значително искуство на високо ниво.

Тој е и репрезентативец на Србија со настапи на Светски првенства, каде што со националниот тим ја претставуваше земјата на највисоко ниво на меѓународна сцена. Беше дел и од последното ЕП во Данска каде постигна 6 гола од 7 упатени шута.

„Воркапиќ е сега официјално регистриран и може да настапува за РК Вардар , и со нетрпение го очекуваме неговиот придонес во продолжението од сезоната и во европските предизвици“, порачаа од РК Вардар 1961.

ПретходноМиле Тодоров: АП Брера сака да го продолжи позитивниот чекор и против Работнички
СледноСоништата немаат граници: Неверојатниот пат на Нада Рочевска – Македонката која го освои светот на олимпизмот и многу повисоки врвови