Линдзи Вон по петтата операција:„Тешко се издржува оваа болка!“

319
ФОТО: Screenshot Instagram

Американската скијачка Линдзи Вон се огласи од болницата и потврди дека нејзината последна, петта операција поминала добро, но дека закрепнувањето е исклучително тешко.

Само кратка информација… мојата последна операција помина добро. Траеше малку повеќе од шест часа. Се опоравувам, но тешко е да се поднесе болката. Напредокот е бавен, но се надевам дека наскоро ќе излезам од болница. Ви благодарам на сите за вашата поддршка“, рече Вон.
Засега не е познато колку ќе трае закрепнувањето на една од најтрофејните скијачки во историјата, но јасно е дека ја чека долг и исцрпувачки процес на рехабилитација.
Во 2010 година, Вон освои олимписко злато во спуст, а во 2019 година ја заврши кариерата како најуспешна скијачка на сите времиња. Таа имаше серија сериозни повреди на ногата зад себе, а по делумна замена на десното колено, ја шокираше јавноста кога го најави своето враќање на натпреварите во 2024 година. Оттогаш, таа постигна осум пласмани на подиумот на Светскиот куп, вклучувајќи две победи, поради што многумина ја сметаа за сериозен кандидат за медал на нејзините петти и последни Олимписки игри.
Сепак, и покрај фактот дека таа ги скина предните вкрстени лигаменти (ACL) на последната трка од Светскиот куп пред Игрите – една од најсериозните спортски повреди што бара операција и најмалку шест месеци пауза – таа одлучи да настапи во Кортина, место каде што постигна бројни успеси во текот на својата кариера.

А таму се знае што се случи. Страшен пад, тешка повреда и пет операции за само две недели.

ПретходноНејмар: “Можно е да ја завршам кариерата!“
СледноШампионот не знаеше за доста против Куманово! Радивојевиќ стрелец на 14 голови