Миле Тодоров: АП Брера сака да го продолжи позитивниот чекор и против Работнички

56

АП Брера освои четири бода во првите две пролетни кола, а денеска во Струмица го отвора 19.коло од Првата фудбалска лига со натпреварот против Работнички. Избраниците на тренерот Мартин Алаѓозовски посакуваат да го продолжат позитивниот тренд.

Играчот за врска Миле Тодоров верува дека тимот ќе биде на висина на задачата и дека ќе прикаже добра игра.

„Победата над Арсими во Гостивар е многу важна, но сега мора да ја потврдиме и со триумф против Работнички на домашен терен. Знаеме дека ова се дуели против екипи кои се борат за опстанок, а АП Брера сака да се држи што е можно подалеку од опасната зона на табелата. Атмосферата во тимот е одлична, подготвени сме за надигрување и се надеваме на нов позитивен резултат“, вели Миле Тодоров.

ПретходноЛука Станковски ќе игра во Украина
СледноВардар 1961 и официјално го потврди Вукашин Воркапиќ