Комесарот на НБА лигата Адам Силвер во четврток ги известил генералните менаџери на 30-те НБА тимови дека од следната сезона ќе важат нови правила, кои ќе им се забрани на екипите намерно да губат натпревари за да имаат подобра позиција на НБА драфтот.
Според информациите на американската телевизиска мрежа ESPN, ова се мерките со кои НБА лигата ќе се спротивстави:
- Правото на избор во првата рунда од драфтот може да биде заштитено само ако станува збор за Топ 4 пикови или од 14. место па нагоре
- Позициите за драфт-лотаријата се „замрзнуваат“ на денот на истекот на рокот за трејдови (оваа година тоа беше 5 февруари) или подоцна
- Тимовите нема да смеат да имаат некој од Топ 4 пиковите во последователни години и/или по три последователни сезони завршени меѓу трите најлоши екипи
- Тимовите не можат да изберат некој од Топ 4 пиковите во годината по настап во конференциско финале
- Шансите во драфт-лотаријата ќе се одредуваат врз основа на учинокот во две сезони
- Во драфт-лотаријата ќе учествува поголем број тимови, вклучувајќи ги и оние што настапуваат во плеј-ин
- Потребно е да се изедначат шансите на сите тимови што учествуваат во драфт-лотаријата
По скандалозното местење на натпреварот меѓу Јута Џез и Орландо, во кој Јута свесно и очигледно ги извади од игра своите најдобри кошаркари и избегна да дојде до победа, комесарот Адам Силвер очигледно сфатил дека таквите и слични „пуштања“ нанесуваат голема штета на лигата.
„Потезите што го нарушуваат интегритетот на лигата нема да бидат толерирани“, порача НБА.










