Победа дефинитивно ќе игра!!!

478

Има спас за македонскиот  фудбалски великан, ФК Победа. Информациите од Прилеп велат дека во моментов второлигашот, и клуб со огромни организациски, финансиски и од секаков друг вид проблеми сепак ќе опстои и ќе го продолжи натпреварувањето во овогодинешниот ВМФЛ шампионат.

И покрај најавите за откажување од второлигашката конкуренција и згаснување на клубот, сепак ФК Победа нема да го дочека тој хорор крај, напротив ќе продолжи да се натпреварува.

Спортспорт дознава дека ФК Победа ја обезбеди и потребната про форма документација, со регистрација на играчи и дефинитивно ќе биде дел од пролетниот дел од шампионатот.

Поточно, единствено што може да побара прилепскиот клуб е можеби одложување на утрешниот меч, за некој подоцнежен термин од сопствени организациски причини.

 

ПретходноМКФ со висока казна за Пелистер за настаните во Куманово на Купот на Македонија!
СледноВердер ја откажа турнејата во САД: Нема да играме таму каде што се пука врз луѓето!