Осминафиналните дуели од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција не донесоа поголеми резултатски изненадувања, а интересен податок е дека ланскиот полуфиналист Фит Фан Волеј оваа година настапот го заврши во раната фаза од натпреварувањето.
Фит Фан Волеј загуби со 3:0 од Вардар ЕМ во соочување кое беше и најинтересно во оваа рунда. Мечот се играше изедначено, особено во првите два сета, со резултатски пресврти и подеми и падови на двете страни, но „црвено-црниот“ состав беше поконкретен во финишот и се пласираше во четвртфиналето.
Статус на четвртфиналисти имаат и бранителот на титулата Наковски Волеј, кој со максимален резултат го совлада второлигашот Борец жени, а со истиот учинок и Работнички Скопје, Газели Волеј, Младост УГД, Јанта Волеј КВ, Пелистер Волеј и Струмица жени си обезбедија билет за понатаму.
Четвртфиналните парови ќе бидат одредени преку полуфиригирана ждрепка, каде клубовите ќе бидат поделени во два шешири според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето од Купот исто така се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобропласираната екипа.
КУП НА ОФМ 2026 ЖЕНИ
ОСМИНАФИНАЛЕ:
Наковски Волеј – Борец жени 3:0 (25:11, 25:19, 25:18)
Работнички Скопје – Ново Село 3:0 (25:5, 25:10, 25:10)
Газели Волеј – Виола Волеј 3:0 (25:15, 25:7, 25:7)
Младост УГД – Форца Волеј ЕМА 3:0 (25:9, 25:18, 25:22)
Јанта Волеј КВ – Вардар жени 3:0 (25:13, 25:16, 25:14)
Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0 (25:14, 25:12, 25:16)
Струмица жени – Ускана 3:0 (25:8, 25:11, 25:16)
Вардар ЕМ – Фит Фан Волеј 3:0 (25:19, 30:28, 25:21)










