Прилепчанец е спремен да се самозапали ако Победа не игра во сабота!

807
Фото:https://shampion.mk/

Прилеп живее со Победа со децении, близу еден век. Информацијата дека тимот ќе замине во минато, ги погоди сите оние кои што живеат со години со Победа. Ова го потврди на дело „shampion.mk“ кој излезе со вест дека прилепчанецот Кире Иваноски – Балче, пензионер, најавува – самозапалување ако тимот не продолжи да игра.

„Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Се за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин! – напиша Кире Иваноски на Фејсбук“. 

Пред одење во болницата Отешево, Кире Иваноски – Балче беше еден од оние прилепчани коишто секој ден напладне се собираа во центарот на Прилеп, кај јарболот, за да покажат дека Прилеп не се согласува со одлуката за згаснување на Победа и неиграњето на пролетниот дел од второлигашкото првенство.

ПретходноСоништата немаат граници: Неверојатниот пат на Нада Рочевска – Македонката која го освои светот на олимпизмот и многу повисоки врвови
СледноПромоција на Шпанецот на клупата на Македонија во друштво на Илиевски и Кочов