Промоција на Шпанецот на клупата на Македонија во друштво на Илиевски и Кочов

138
Фото: КФСМ

Македонската кошаркарска репрезентација во продолжение од претквалификациите за Европското првенство 2029 година ќе биде предводена од шпански тренер. Веќе е познато дека Жозеп Мариа Берокал е нов селектор, а за асистент ќе биде Ѓорѓи Кочов. Ново име е легендата, Владо Илиевски кој ќе биде спортски директор на националните селекции.

Нивната промоција е зкажана за 23. февруари (понеделник), од 13.00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Дебито на клупата на Македонија новиот селектор е закажан за 27. февруари (петок), во Скопје против Луксембург. Вториот меч од овој прозорец нашите кошаркари го играат на 2. март во Баку против Азербејџан.

ПретходноПрилепчанец е спремен да се самозапали ако Победа не игра во сабота!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ТРАВИЈАТА НА СЦЕНАТА НА НОБ