Алушовски: Не сум задоволен од одбраната, бевме безидејни во нападот!

137
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер беше поразен од Висла Плоцк на првиот меч од 2026 година во Лигата на шампиони, прв за Стевче Алушовски во ова натпреварување. Актуелниот македонски првак лошо го отвори мечот, имаше два добри налети, но не и продолжение за нешто повеќе.

Тренерот на битолчани потенцира дека е делумно задоволен од прикажаното, она на што треба да работат во иднина е одбраната, па и нападот, кој на моменти делуваше безидејно.

„Не го отворивме мечот како што посакувавме и не одигравме дел од она што се договаравме претходно. Малку време сме заедно, се обидовме да покажеме добар карактер и прилично сум задоволен од враќањето на само еден гол разлика. 

Некои делови во нашата игра не одговараа на нивото на Лигата на шампионите, а не ни одеа во прилог ниту уморот на репрезентативците и неколкуте повреди што ги имаме. Треба да извлечеме поука од мечот и да продолжиме со макотрпната работа. 

Не сум незадоволен од одбраната, а бевме безидејни во нападот. Ни треба време, но го немаме. Ќе мораме да реагираме брзо и да се подобруваме во од. Јас сум оптимист, со ваков карактер можеме да се надеваме на нешто повеќе, иако денес прикажаното не беше доволно за успешен резултат“, изјави Алушовски. 

Следен натпревар за Пелистер во Лигата на шампиони е гостувањето кај Гог.

ПретходноЕрмедин Адем: Работнички мора да почне да победува, и тоа веднаш!
СледноЛука Станковски ќе игра во Украина