Леонард Жута, некогашниот македонски репрезентативец а сега член на Славен Белупо, денеска во меч од 23.коло во елитната лига на Хрватска, постигна фантастичен гол, еден од најубавите сезонава во лигата.
Имено се играше 11 минута од натпреварот со Вуковар на гости, кога искусениот бек оддлево од околу 25 метри шутираше во спротивниот агол. Сите очекуваа тој да нафрли, ама Жута и тоа како се прослави.
Мечот на крајот заврши со резултат 2:2, а во составот на гостите не беше Илија Несторовски.
Голот на Жута на видеото е на 2.06 минута.
Секоја чест.










